provide - онтологија

набави повеќе

набават
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди некого, испорача некому нешто.
Албански: pajis, furnizoj
Употреба: Економија
Примери:
Претпријатието ни го набави градежниот материјал.

намири повеќе

намират
Вид збор: Глагол, свршен
Исплати, врати долг, среди сметки.
Албански: paguaj, laj
Примери:
Не може да ги намири сметките за комуналии.

ситуира повеќе

ситуираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обезбеди, обезбедува со материјални средства.
Примери:
Во последен момент се осмелија да ја кажат вистината за состојбата во индустријата која социјално ситуира над 40.000 семејства.
(се ситуира) Се обезбеди, се обезбедува со материјални средства.